Категории

РЕЦЕПТ: Брз и лесен ручек – Супа од ситна риба

Доколку немате идеа што да зготвите за ручек, еве ви одличен предлог.

Исчистете ја ситната риба од утробата, измијте ја и ставете ја во вода да се свари. Во истиот лонец ставете зеленолистен зеленчук и гответе го со рибата. Кога ќе омекнат, испасирајте ги.
Испасираната риба ставете ја во лонецот и запржете ја.

За запршка: Во сад ставете 50 г. масло додадете мала количина брачно и кога брашното ќе с пропржи, додадете малку црвени пиперки.
Запршката префрлете ја во лонец во кој се готвеше пасираната риба, посолете и додадете зачини по желба. Наросете и магдонос.

Вака подготвената супа оставете ја да се готви уште половина час.
Зачинете со кисела павлака, жолчка и сок од лимон.
Послужете со пржен леб на масло.

Прегледи:
519
Објавено на:
23.08.2020