Категории

Најчудното племе на светот – Мажите од племето Фулани танцуваат за да ја освојат најубавата девојка

Се работи за најбројниот номадски народ во светот

Фулани, односно Фулби, најбројното номадско племе на планетата кое себеси се смета за најубавиот народ на светот.
Нивниот живот е потполно поинаков од нашиот, еве како изгледа.

-Една подгрупа од Фулани племето, наречена Водаби има годишен фестивал под името Геревол кој доаѓаат да го видат туристи од целиот свет. Тоа е всушност машко такмичење во убавина. Млади луѓе облекуваат облека во силни бои и бираат специјален накит за неа.
Во текот на фестивалот мажите играат за да ги импресионираат девојките. Главните стандарди на мажите се висина, бели заби и очи и тие мажи секогаш имаат најголеми шанси да го привлечат вниманието на девојките. Затоа во текот на танцувањето мажите ги покажуваат забите и вртат со очите. Силата и издржливоста исто така се важни фактори, па мажите играат со часови за да привлечат убавици. Благодарение на овој фестивал, племето Фулани се смета за најубавиот народ на светот.

-Водаби веруваат во реинкарнација и исклучително ја ценат убавината. Пред што бил измислен овој фестивал, мажите се подготвувале со часови за прославата со цел да изгледаат совршено. Поради тоа Водаби се сметаат и за највообразените луѓе на светот.

-Фулани никога не прифаќале генерален стандард кога е во прашање облеката. Нивниот стил на облекување зависи од регијата од која потекнуваат. На пример Водаби кои живеат во Нигеријата и Камерон носат доста впечатлива шарена долга облека со интересни везови и богато украсени наметки.

-Сточарството е главна дејност на племето Фулани. Обично мажите се грижат за животните и полињата а жените се одговорни за домаќинството.

-Животните за овој народ се исклучително важни – на пример, во текот на церемонијата на венчавање, таткото на невестата предава едно од своите стада на младоженецот како знак дека го прифаќа бракот. После тоа следи церемонијата по име „кабал“, на која не присуствуваат нити зетот нити невестата.

-Во племето Фулани постојат бракови кои се склопуваат уште пред младоженците да се родат. Родителите го ветуваат своето бебе на другата а се венчаваат кога ќе влезат во пубертет.

-На мажите им е дозволено да имаат четири жени. Семејството обично се состои од мажи, неговите сопруги и децата, аи сите обично се сложуваат добро. Таквите бракови донесуваат богатство – мажот го спојува своето стадо животни со стадата кои ги добива од татковците на своите жени како поклон, па така може да достигне богатство и до половина милион долари.

-Секоја невеста која ќе донесе стадо животни во бракот има своевидна гаранција на преживување во случај да одлучи да го остави својот маж. Животните им служат за од нив да добиваат млеко и да прават други производи, како и да ги продаваат и менуваат со нешто друго.

-Фулани веруваат дека секој брак треба да донесе полно деца. Се венчаваат доста млади и не користат никаква контрацепција.

-Во Водаби племето, родителите не смеат да разговараат директно со своите први две деца, за нив обично се грижат бабите и дедовците.

-Жените служат како учителки и ги подучуваат децата.

-Девојчињата се учат уште од рани години да бидат убави. Уште на две или три години почнуваат да носат пирсинг на ушите и тоа 6 на десното и 6 на левото уво. Кога девојчето ќе почне да оди, тоа почнува да учи да танцува и да биде во центарот на вниманието.

-Преминувањето во светот на возрасните почнува полека. Од 5 години девојчињата учат на морални вредности. Им се всадува дека мораат да ги почитуваат старите, и не смеат да кажат збор пред родителите на идниот маж, и младоженецот не смеат да го гледаат во очи..

Прегледи:
843
Објавено на:
25.08.2020