Категории

”10.052 пациенти оздравеа од ковид-19!” – изјави министерот за здравство Венко Филипче

Министерот за здравство во Владата на Република Северна Македонија на својот фејсбук профил напиша добра вест во врска со ковид-19 состојбата во нашата земја.

Имено, тој го изјави следново:

”10.052 пациенти оздравеа од ковид-19! Тоа се наши деца, родители, пријатели, баби и дедовци. Тоа се личности кои се вратија на секојдневните животни активности. Изминативе неколку недели бележиме зголемување на бројката на оздравени лица од коронавирус, а се намалува и бројот на активни. Само заеднички може да го спречиме ширењето на вирусот. Да носиме заштитна маска, да одржуваме физичка дистанца, и редовно да ги миеме рацете. Нема ништо поважно од здравјето и човечкиот живот.”

 

Прегледи:
604
Објавено на:
22.08.2020