Категории

7 интересни факти за Антички Рим

Римската Империја е цивилизација која продолжува да не’ вчудоневидува, илјадници години по нејзиното постоење. Нивната контрибуција кон историјата доаѓа во повеќе форми – култура, јазик, технологија, медицина, итн. Сепак, имаат многу тајни и мистерии кои дури во денешно време се откриваат.

1 . Античките Римјани биле полни со парадокси. Иако биле пред своето време во многу полиња, вклучувајќи ја и медицината, имале и многу нестабилни верувања. На пример, се верувало дека гладијаторската крв лечи многу работи, меѓу кои и епилепсија. Откако се банирале борбите со гладијатори, ова верување се пренело на затвореничката крв.

2. Латинскиот јазик всушност не бил универзалниот јазик на Империјата. Во римската Империја имало околу 65000 луѓе, па невозможно било сите да го зборуваат истиот јазик. Многу оригинални јазици преживеале и дури и многу Римјани биле двојазичари, со оглед на тоа дека познавањето на грчкиот јазик било многу угледно.

3. Римските императори најмногу се плашеле од смрт со отров. За да ја спречат оваа смрт, тие развиле навика на дигестирање малечки дози од различни отрови секојдневно, за со тек на време да станат имуни.

4. Римските генерали ретко се бореле во битки. Всушност, може да се пребројат на рака оние кои се бореле. Наместо да бидат борци, тие повеќе биле „менаџери“, специјализирани во стратегии, команди и организација.

5. Императорот Калигула бил еден од најконтроверзните личности на Рим. Меѓу многуте бизарни дела, тој имал едно најсмешно – се обидел да го направи својот коњ конзул.

6. Почетоците на римската интерпретација на Христијанската религија биле контроверзни. Кога се расчуло за тоа дека Христовите апостоли јаделе леб и пиеле вино како симболи за месо и крв, раните Римјани биле убедени дека се работи за канибалистичка религија.

7. Римјаните ги сметале леваците за лоша среќа. Негативноста асоцирана со леваците донела до развиток на модерно-англискиот збор sinister, кој доаѓа од латинскиот збор за „лево“, а значи нешто што е страшно и погрешно.

 

Прегледи:
1226
Категории:
Занимливости
Објавено на:
25.08.2020