Категории

Примери за микроагресија на работното место и нејзините ефекти

Микроагресија претставува секојдневна, навидум ситна навреда, намерна или ненамерна, која е поврзана со одреден стереотип, поврзан со конкретни маргинализирани групи – нечиј пол, родова определба, сексуална ориентација, раса или националност.

Примери за микроагресија на работното место

Микроагресија на расна, национална или религиска основа

  • „Добро зборуваш македонски“ – насочено кон македонски граѓанин, со не-македонска национална припадност.
  • „Не се однесуваш како *етничко малцинство*“ – насочено кон личност од етничко малцинство. Ова алудира дека останатите членови на неговата/нејзината група се однесуваат лошо.
  • „Што си ти?“ – насочено кон лица со нетипично македонски имиња или презимиња.
  • Криење на чантата или новчаникот кога некој од одредена етничка позадина ни се приближува
  • „Дали косата/кожата ти е природно ваква?“ – насочено кон лица со одредена боја на кожа или форма на коса, препознатлива за нивната национална припадност.
  • „Зошто го носиш тоа?“ – упатено кон лица кои носат превез, капа или нешто друго кое го носат од религиозни причини.

Микроагресија на родова основа

  • Кога асертивна колешка е „к**ка“, а асертивен колега е „амбициозен“.
  • Кога на женски докторки им се вика „Сестра“ по инерција, бидејќи веруваме дека докторите се мажи
  • „Таа сака да каже дека…“ – кога машки колега зборува во име на жена, како таа да не знае сама да се искаже
  • Свиркање, подвикнување и сите други форми каде што женското тело се гледа како предмет

Микроагресија на основа на сексуална определба

  • Кога терминот „п*д*рско“ се користи со негативна импликација (На пример: Овој филм не ми се допадна, многу е п*д*рски)
  • Поврзување на хомосексуалниот брак со нешто лудо и болно, како венчавање со животни или предмети.

Како микроагресијата влијае врз продуктивноста на работниците?

Микроагресијата има секако, негативни ефекти врз работниците кои ја доживуваат. Нивната продуктивност драстично се намалува. Опаѓа нивната самодоверба, тие се чувствуваат несигурно во својот работен простор и не чувствуваат како колегите да им се пријатели.

Како може да се намали овој проблем?

Почнете од себеси. Лицата кои на било кој начин се различни од вас, третирајте ги со почит и еднаквост. Ако за некое прашање или коментар не сте сигурни дали е коректен – најдобро, не го прашувајте/кажувајте. Подобро спријателете се со лицата од маргинлизираните групи, зборувајќи за општи работи, па подоцна прашајте ги до кој степен се чувствуваат комотно да зборуваат за својата различност.

Прегледи:
670
Објавено на:
26.08.2020