Актерот беше забележат на приватниот имот каде тој и Анџелина Џоли се венчаа, не сокривајќи ја романсата со 27-годишната манекенка Никол Потуралски за која се зборува дека доста личи на Анџелина.
Уште откако во јавноста за прв пат излезе веста за разделбата помеѓу Бред Пит и Анџелина Џоли, медиумите го поврзуваа актерот со бројни жени од светот на шоу бизнисот и надвор од него, иако тој постојано се појавува сам на црвениот тепих.
Сега кога славниот пар е официјално разведен веќе е јасно дека Бред пит е сингл.
Неодамна папараците го забележаа оскаровецот на аеродромот во Париз како се качува во приватен авион, а покрај него во придружба беше 27-годишната полска манекенка Никол Потуралски.
Парот потоа бил виден во Шату Миравал областа во јужна Франција каде актерот има свој имот, не сокривајќи ја романсата од јавноста. Ова место има посебно значење за него и Анџелина затоа што тоа беше местото каде беше одржана нивната венчавка, а имотот сеуште половина и припаѓа на актерката.
Никол Полански веќе 10 години се занимава со манекенство иако отсекогаш посакувала да стане биолог. За неа се знае дека зборува пет јазици, и досега живеела на два континенти учествувајќи на модни ревии во Америка и Европа. На пистите таа го користи својот псевдоним Нико Мари, таа исто така има 5-годишен син.