Категории

Играњето игри не е привлечно – Привлечен е трудот, искажувањето на чувствата и посветеноста


Но како што минуваат годините едноставно престануваме да толерираме некои однесувања, мистеријата повеќе не не привлекува, непостојаноста не е повеќе предизвик, игрите не се повеќе забавни и не знаењето на што си не е повеќе збунувачко. Тоа е јасен знак дека не вреди да се трудиш повеќе.

Понекогаш бараме изговори за оние кои ги сакаме. Правиме изговори така што купуваме време повеќе да го поминеме со нив. Бараме изговори затоа што сакаме да веруваме дека тоа не е онаа иста личност која била претходно. Затоа што не сме подготвени да се соочиме со вистината, не сме подготвени да си признаеме на себеси дека е време да ставиме крај и да продолжиме напред.

Но како што минуваат годините едноставно престануваме да толерираме некои однесувања, мистеријата повеќе не не привлекува, непостојаноста не е повеќе предизвик, игрите не се повеќе забавни и не знаењето на што си не е повеќе збунувачко. Тоа е јасен знак дека не вреди да се трудиш повеќе.
Сфаќаме дека најдоброто нешто е едноставно без страв да го побараме она кое што сметаме дека го заслужуваме и не гледаме на тоа како на вршење притисок врз личноста, затоа што онаа личност која е вистински посветена на нас никогаш нема да гледа на тоа како нешто кое е премногу да се побара. Секој оној кој сака да е покрај тебе ќе се потруди да ги поправи нештата и ќе го цени присуството во твојот живот.

Сфаќаме дека едноставно не вреди да се троши времето на некој со кој постојано треба да се прашуваме себеси што всушност претставуваме за него и какво значење имаме во неговиот живот. Не вреди да вложуваме во однос во кој ние сме страната која постојано вложува труд, затоа што дисбалансот никогаш нема да биде урамотежен на тој начин, затоа што врските се танго за двајца во кое двете страни треба да бидат подеднакво посветени.

Да, понекогаш бараме премногу изговори за оние кои ги сакаме кои не помислуваат два пати за да не возвратат на пораката. Не е потребно многу време и труд за да повикаш некого кој ти значи, за да сакаш да видиш некого кој ти недостига. Без оглед на тоа што се случува во нечиј живот, оној кој вистински ве сака никогаш нема да направи да се чувствувате како да не се вклопувате во неговиот распоред во тие мигови затоа што има нешто „поважно“.

Толку е едноставно. Оној на кого му значите секогаш ќе му бидете приоритет, изговорите секогаш ќе бидат знак дека односот не е вистински и нема да има среќен крај.

Прегледи:
523
Објавено на:
31.08.2020