Пејачот на „Shape of you“ и неговата сопруга го дочекаа своето прво дете заедно, ќерката по име Лира Антарктик Сиборн Ширан.
Добитникот на Греми ги објави вестите со сладок пост на Инстаграм во вторник, 1 септември, споделувајќи фотографија од бебешки чорапи:
,,Ело! Брза порака од мене бидејќи имам неколку лични новости што сакав да ги споделам со вас … Минатата недела, со помош на неверојатен тим, Чери ја роди нашата прекрасна и здрава ќерка – Лира Антарктик Сиборн Ширан. Ние сме целосно вљубени во неа. И мама и бебе се чувствуваат неверојатно и ние сме на на седмо небо овде. Се надеваме дека можете да ја почитувате нашата приватност во овој момент. Многу љубов и ќе се видиме кога ќе дојде време да се вратам, Ед х”
Оваа вест доаѓа една година откако уметникот го потврди својот брак со Сиборн на неговиот албум број 6 проект за соработка. Во неговата песна “Remember the Name”, Ширан пее: „Погледни како текстот во оваа песна може да стане збунувачки / Мојата сопруга носи црвено, но изгледа подобро без кармин“.