Категории

Што ако наместо „фори за фаќање“ користевме „фори за раскинување“? Прочитајте ги овие смешни примери

Сите ги знаеме популарните „фори за фаќање“, или на англиски pick up lines. Тоа се оние типични клише реченици со кои пристапуваме на личност која ни се допаѓа. Популарни такви примери се: „Дали болеше кога падна од небо, бидејќи личиш на ангел“; или: „Нешто ми е расипан телефонот, му фали тојот број во него“. Ваквите фори се веќе кажани стотици пати, и се истовремено и смешни, и слатки. 

Но, што ако користевм фори за раскинување, наместо фори за фаќање?

Раскинувањето е навистина болна и тешка работа. Тоа е многу сензитивно, и едниот е најчесто повреден, затоа кон раскинување треба да пристапиме многу деликатно и претпазливо. Но, што ако не се оптеретувавме со тоа, и раскинувавме на сосема несензитивен начин?

Еве некои од најсмешните фори за раскинување, кои, ако сте во процес на раскинување самите, можеби ќе ве исфрустрираат, но ако одамна сте надминале некоја таква ситуација, ќе ви бидат интересни:

  1. Девојко, изгледаш како колаче, но јас од денес сум на диета.
  2. Мислам дека е време да ја однесеме нашата врска на претходното ниво.
  3. Мислам дека треба да станеме подобри странци.
  4. Врската ни е како песна од Бритни Спирс – Токсик.
  5. Ако го одземеш „бес“ од „бескрајно“, останува само „крајно“, и е крајно време да раскинеме.
    Top 5 Reasons A Woman Will Break Up With You
  6. Мислам дека ослепувам, бидејќи не можам да те гледам повеќе.
  7. Дали си ангел? Бидејќи јас сум атеист.
  8. Ме потсетуваш на Халеевата комета. Не сакам да те видам пак во наредните 74 години.
  9. Се нарекувам себеси Хан, бидејќи од денес ќе бидам соло.
  10. Ти си ми сидро, само ми го отежнуваш животот.

    If things aren't working, THIS is the right way to break ...

  11. Се надевам дека ја сакаш Адел, од денес ќе ја слушаш почесто.
  12. Крени рака ако имаш девојка. Не толку брзо…
  13. Дали сме Југославија? Бидејќи треба да се разделиме.
  14. Дали си магија? Бидејќи ми исчезнуваш од животот.
  15. Ти си маж, јас жена… едноставно сме преразлични.
Прегледи:
1067
Објавено на:
03.09.2020