Категории

Никогаш немојте да молите за нечија љубов

Запомнете, секогаш е подобро да бидете сами отколку да бидете со некого покрај кого ќе се чувствувате сами.

Немојте да го правите тоа. Немојте да молите некој да ве сака или да поминува време со вас. Никогаш немојте да молите за нечие внимание, посветеност и чувства.
Никогаш не би морале да присилувате некој кој ве сака да остане покрај вас. Никој нема да има потреба да трчате по некого затоа што оној кој ве сака нема да бега.

Оној кој вистински ве сака никогаш нема да дозволи да молите за трошка од нивното внимание, затоа што тој самиот ќе ви го нуди сето свое време, бескомпромисно. Никогаш нема да направи да се соменвате во нивната љубов, никогаш нема да имате причина да се прашувате себеси затоа што одговорот ќе биде секогаш пред вас.

Деградирачко и понижувачко е да барате од некого да ви се посвети. Престанете да покажувате толкава непочит спрема себеси. Тоа значи дека не поседувате гордост. Немојте да велите дека не можете да живеете без нив затоа што сето тоа е лага. Сте живееле без нив порано кога не сте ги познавале и можете да го направите тоа и сега.

Дали стравот од самотијата ви е толку голем што би прифатиле да бидете покрај некој кој не ве сака и не ве третира на начин на кој заслужувате? Тогаш бидете сигурни дека се впуштате во нешто многу полошо и поужасно од самотијата. Ќе бидете осудени на нечиј студ, непочит.

Вие заслужувате многу повеќе. Заслужувате некој кој ќе ве опсипува со внимание и нежност без да молите за тоа. Некој кој ќе ви биде посветен и искрен во своите чувства, некој постојано ќе ве уверува во тоа колку ве сака и се грижи за вас. Некој покрај кого нема да се двоумите и да чувствувате несигурност.

Запомнете, секогаш е подобро да бидете сами отколку да бидете со некого покрај кого ќе се чувствувате сами.

Прегледи:
614
Објавено на:
06.09.2020