Категории

Причини поради кои сеуште не можете да ја пронајдете љубовта

Доколку имате чувство дека љубовта постојано ве избегнува и никако немате среќа да пронајдете личност со која ќе бидете среќни, веројатно станува збор за некоја од овие причини..

1.Сеуште не сте пронашле љубов во себеси
Дали се сакате себеси? Тоа е најважното прашање кое морате да си го поставите на себе. Можеби не поминувате доволно време самите со себе. Можеби поминувате премногу време барајќи љубов надвор од себе па неуспевате да го согледате она внатре. Тешко е да се пронајде љубов кога вие самите не ја поседувате. Кога се сакате себеси и сте свесни што поседувате и заслужувате, тогаш нема да прифаќате ништо што е помалку од тоа. Прво дајте си ја љубовта која ја барате од другите самите на себе, потоа таа ќе дојде на вашиот пат од некој друг.

2.Се плашите од љубовта
Не можете да го добиете она од кое се плашите. Многумина од нас се плашат од она што го сакаат најмногу. Ако продолжите да живеете на овој начин, како ќе привлечете нешто што е добро? – Не можете. Можеби се плашите да бидете ранливи затоа што не сакате да бидете повредени. Можеби не сакате да ризикувате да изгубите се повторно. Морате да научите да се ослободите од стравот за љубовта да може да расте.

3.Не му давате шанса на никого
Како мислите да ја пронајдете љубовта ако не давате шанса никому? Можеби се плашите да му дадете шанса на некого затоа што се плашите дека ќе изберете некој кој не е за вас. Може да изберете некој кој е погрешен за вашето срце. Но не можете да гледате напред во иднината. Но како и да е, можете да забележите кога некој претставува опасност за вашето срце. Но пред тоа морате да му дадете шанса, не секој на кого ќе налетате има намера да ве изигра и повреди.

4.Форсирате врски
Зошто сеуште се држите толку цврсто за таа личност кога не сте сигурни дали е вистинската за вас? Не можете да промените некого и да го направите да одговара на сликата која ја имате замислено за него. Не можете да бидете вљубени во нечиј потенцијал. Понекогаш ние го гледаме доброто во некоја личност, но за жал таа не може да го види тоа, па ние се обидуваме упорно да му ја покажеме.
Таму постои некој кој е наменет за вас и нема потреба од него да создавате верзија каква што посакувате во вашата имагинација, затоа што тој веќе е таква верзија. И тој ќе ви покаже со своите дела, а не само со зборови.

5.Премногу сте фокусирани на пронаоѓањето на партнер
Ако не го живеете сопствениот живот, ако не работите на доброто на себеси, ако целото ваше постоење се врти околу тоа да пронајдите партнер, нема да пронајдете никаква љубов на тој начин. Прво треба да научите да се сакате и почитувате себеси, без оглед на тоа дали имате или немате партнер. Ценете ја вашата индивидуалност.

6.Не поставувате граници
Важно е да им дадетее до знаење на другите дека имате свои граници кои не смеат да бидат преминат. Простувањето е важно за една врска, но исто така оној кој ве сака нема да си дозволи да ги премине границите кои сте ги поставиле затоа што нема да сака да ве повреди. Немојте да очекувајте да пронајдете љубов ако немате граница и постојано му простувате на некому што и да направи.

7.Мислите дека ќе пронајдете некој кој е совршен
Никој не е совршен. Време е да запаметите дека секој е човек. Вашиот партнер е човек. Не создавате робот кој ќе ја исполнува секоја ваша потреба. Ќе пронајдете некој кој е онолку совршен колку и вие, но нема да биде комплетно совршено. Секој има свои маани.

8.Премногу сте затворени
Ова е едноставно: Ако сакате да пронајдете љубов, морате да бидете ранливи. Не плашете се да бидете отворени. Зборувајте за се што ви лежи на срце.

9.Премногу сте фокусирани на надворешноста
Ако премногу сте фокусирани на тоа што доаѓа однадвор, како ќе ја пронајдете љубовта? Дали вие вистински барате љубов? Ако ги избирате луѓето само врз основа на нивниот изглед и материјални поседувања, тогаш вие не ја сакате нивната душа. Љубовта секогаш лежи во душата.

10.Се плашите од одбивање
Следете ги вашите желби. Ако посакувате љубов, ќе наидувате на нешта кои не се љубов. Кога и да ве одбие некој, знајте дека на тој начин се пренасочени кон љубовта.

Прегледи:
639
Објавено на:
06.09.2020