Времето во кое одите на спиење е клучно за тоа дали ќе успеете да го симнете вишокот килограми.
Не е тајна дека недостатокот на сон може да предизвика пореметување на различни процеси во телото. Покрај лошото расположение и намалените перформанси, недостатокот на сон може да доведе и до дебелеење.
Зошто се случува тоа и како да го намалите негативното влијание на недостатокот на сон врз телото?
Недостатокот на сон предизвикува промени во функционирањето на телото наќелиско ниво, а исто така влијае и врз хормоните. Хормонот на глад, грелин, почнува да ослободува со трострука брзина, поради што веројатноста од прејадување е значително поголема.
Спрема статистиките, после непреспиена ноќ, човек може да внесе во просек 385 калории повеќе отколку после нормален сон.
На прв поглед оваа цифра може да изгледа мала, но ако недостатокот на сон е хроничен, тогаш ќе внесувате калории кои ќе создадат сериозен вишок што доведува до неизбежно зголемување на телесната тежина.
Што да правите?
Најчест и наједноставен совет е – доволно спиење.
Меѓутоа современиот ритам на живот често не задолжува да направиме исклучоци како што се непреспиена ноќ поради некој работен проект, важна роденденска забава итн. па очигледно е дека ќе спиете помалку од тоа што би требало.
Во такви случаи би требало да сте доста внимателни што консумирате.
Ако не сте спиеле доволно, вашата храна следниот ден би требала да се состои од следните производи: цело зрна, како извор на јаглехидрати и билни протеини, незаситени здрави масти (црвена риба, авокадо, маслиново масло) и протеини – немасно месо, јајца или производи од соја. Таквиот сет од производи ќе ја задоволи вашата глад и ќе ви даде енергија и ќе спречи добивање непосакувани килограми.