Категории

(ФОТО) Необично авантуристичко патување низ шумата Redwood во Калифорнија

Redwood шумата е вистинско место од соништата, особено кога паѓа дожд или денот е магловит, тогаш особено добива драматичен изглед како сцените од Jurasic Park. Итајќи во непознатата шума, посетителите не можат а да не се запрашаат што ги очекува на следната кривина. Дали е тоа некоја нова природна убавина или бронтосаурус лично. 

Во почетокот на 1880-тите години, тим од дрвосечачи ги здружил силите за да го олесни транспортот на граѓа во Калифорнија.
До 1885 година била формирана железница која станала темел на сето она кое еден ден ќе стане Калифорниска западна железница, односно The Skunk.

Прекарот The Skunk го добила во 1925 година кога биле претставени моторите кои денес ги нарекувале желеснички минибуси. Тие имале бензински мотори за напојување и печки за согорување на сирова нафта со цел на падниците да им биде топло во текот на патувањето. Комбинацијата на испарување создавалаа препознатлив мирис, а оние кои живееле покрај линија на железницата зборувале дека моторите биле како „гасови“ – затоа што сте можеле да ги намрисате уште пред да ги видите.

Денес секој кој сака може да добие шанса да помине едно необично патување низ железничката трага по која некогаш оделе возовите и тоа на стилизиран облик на велосипед.

Прилагодените велосипеди кои одат по шините се речиси нечујни и ви даваат прилика да уживате во неверојатните пејсажи пред вас. Чекорејќи по историските патеки имате можност да ги забележите величенствените дрвени мостови, гигантските дрвја секвоја карактеристични за оваа област и уште многу нешта.