Категории

Креативна слобода на работното место е тоа што ме донесе до freelance кариера- Елена Костоска

Добра интернет конекција, солидно познавање на англиски јазик и поседување на вештина која е барана и нуди вредност за клиентот. Се друго е одлично да се има, ама не е неопходно. – ни открива младата freelancer-ка 

Каде се гледаш во иднина? Што сакаш да работиш ? Како ќе започнеш да ја градиш својата кариера? – Неколку од многуте прашања што се секојдневие за младите. Токму во периодот кога тереба суштиснки да се осознаеме себе си  го чуствуваме најголемиот притисок да ја донесеме вистинската одлука кога станува збор за нашата кариера. Личниот развој, предизвиците на младите, стратап светот и можностите за freelance работа се само дел од темите на кои разговаравме со младата и амбициозна Елена Костоска. Впрочем нејзиниот нетипичен пристап кон освојувањето на нејзините цели и континуираното учење на нови нешта како и осознавањето на нови можности и помогнаа при градењето на нејзината кариера во современото опшество испреплетено со развојот на технологијата, глобализацијата и маркетингот. Денес Елена успешно работи како freelance маркетинг менаџер на повеќе проекти со странски клиенти, па решивме преку нејзиното искуство да ви откриеме нешто повеќе за freelance работата, можностите и лекциите кои ги научила преку нејзиното искуство. Еве што сподели Елена во разговорот со нас уживјќи во коктелот среќа:

Како ја донесе одлуката да работиш како freelance, кој беше мотивот?

Сакав да пробам нешто ново и поинакво, може да се каже дека мотивот да побарам повеќе креативна слобода на работното место е тоа што ме донесе до таа одлука.

Кои платформи ги користиш, какви услуги нудиш ? 

Примарно тоа што го работам е менаџирање на тимови за маркетинг и продажба, и тоа што можам да го понудам за секоја компанија е целосен маркетинг пакет од креирање на веб страна, до рекламирање и продажба на нивните производи или услуги. Секако тоа не го работам сама, имам неколку тимови кои работат со мене на различни проекти од веб девелопмент до фотографија и видео, исто така клиентите сами имаат опција да си изберат дали сакаат да создадеме тим кој ќе го работи нивниот проект или тие самите ќе си ангажираат дополнително луѓе доколку е тоа потребно.
Платформи кои ги користам веќе подолго време се: ClickFunnels, ActiveCampaign, Zapier, HubSpot, Kajabi, Ontraport, Slack, ClickUp, Trello, UpWork и LinkedIn.  
Користам уште многу платформи,но овие се најприсутни во секојдневната работа со клиенти. 

Кој ти бил најголем предизвик како freelance до сега?

Најголем предизвик е да се донесе начинот на работа со странски клиенти тука. Многу е голема разликата во ефективност и во продуктивноста кога ќе се споредат активностите и крајните резултати. 

За време на твојата работа како freelance, што научи?

Има многу лекции но тие што секогаш ги издвојувам се: задоволен клиент е најдобрата реклама,  никогаш не работи за некој без потпишување на договор и договарање на надоместок, цени се себеси и својот труд и не секој клиент треба да биде твојот клиент, доколку немате исти вредности и не гледаш иднина во производот или услугата едноставно ти не си маркетерот за таа компанија.

Што би им препорачала на оние кои имаат желба да започнат со ваков вид на работа?

Да бидат свесни на кои ниво е вештината што ја поседуваат и постојано да ја развиваат.
Наместо да бркаат постојано клиенти, да изберат 2-3 клиенти со кои ќе работат посветено и ќе се погрижат истите да бидат задоволни и да имаат резултати од нивната работа. На следниот линк https://www.ryrob.com/remote-jobs-websites/ може да се разгледаат 60-70 страни кои нудат опции за фриленс работа, да разгледаат внимателно и да најдат страна која навистина ќе им го понуди се тоа што е потребно.
Да си направат свое портфолио, и да ги истакнат своите јаки страни, и секогаш да бараат препорака после секој проект на кој што ќе работат.

Што е must-have за да се започне со freelance кариера?

Добра интернет конекција, солидно познавање на англиски јазик и поседување на вештина која е барана и нуди вредност за клиентот. Се’друго е одлично да се има, ама не е неопходно. Самото пробување или пренасочување кон ваква кариера може да биде од дома, на свои услови во свое време и истото не мора да биде ризично и стресно доколку е добро испланирано. 

За крај што е среќа за тебе и како би ги поттикнала останатите да бидат среќни?

 Најголема среќа за мене отсекогаш било создавањето на нешто ново или учење на нешто ново. Го сакам процесот на креација, иновативност и брејнсторминг и секогаш пред да започнам нешто ново имам една бура емоции која едвај чека да го пречека новото искуство. Настрана од ова еден од омилените цитати ми е Среќата ги прати храбрите, и тоа и би ги поттикнала сите да го направат. Храбро да си го следат срцето во која авантура и да ги понесе.

Елена е исто така голем книгохоличар љубител на поезијата и личноста позади стиховите и статусите на Слатко од Фонетика, во скоро време започна со пишување и на нејзина книга која можеме да ја очекуваме наскоро. Благодарни сме за секој совет што го сподели со нас, среќа е што те имаме.

 

Прегледи:
1016
Објавено на:
16.09.2020