Крајот на летото се приближува пополека, но сигурно. Ако сакате да прочитате интересни цитати поврзани со крајот на летото, може да кликнете овде. А, ако сакате да го поживеете најромантично и најубаво што може, следете ги овие совети за тоа како до крај да го поминете летото убаво.
1. Станувајте рано.
Но, нели летото е време за релаксација и спиење до доцна? Да, но денот веќе се скратува, и ранобудноста е најдобар начин да го максимизирате времето поминато на сонце и витамин Д! Бонус: Ако живеете покрај езеро, се’ уште имате пријатна клима за пливање.
2. Припремете се за зима.
Пополека е време да почнете со зимски припреми. Ова не завршува со подготовки на туршии – туку баш напротив, доаѓа поинтересниот дел – ОБЛЕКА! Извадете ги сите есенски и зимски пантолони, блузички, сукњи, марами и почнете да правите ментални подготовки за тоа како ќе се облекувате оваа есен.
3. Истражувајте ја природата.
Ако јули и август беа претопли за шетање низ природа, а октомври е преврнежлив, септември е совршениот месец за да ги истражите убавините на вашето пошироко опкружување.
4. Зацртајте цел која сакате да ја имате постигнато до почетокот на наредното лето.
Оваа „активност“, секако, може да се поврзе со секое годишно време, не само со лето. Зацртајте си цел дека до почетокот на следното лето сакате да имате достигнато одредена тежина, или научено одредена вештина, или било што, и почнете со подготовки и работење кон таа цел, со полетокот на есента.
5. Потрошете ја секоја можна минута надвор.
Оваа благопријатност на времето ретко ја има, така што, искористете ги топлите денови и пријатните ноќи до максимум!