Звучи логично но дали некогаш сте размислувале за тоа дали кафето може да се расипе? Дали е безбедно да се пие кафе после истекот на рокот на траење?
Доколку сте купиле неколку килограми кафе које редовно го пиете и е повеќе од тоа што ви е потребно, сигурно сте го складирале во вашиот домашен магацин и чекате кога ќе ви затреба. Звучи логично но дали некогаш сте размислувале за тоа дали кафето може да се расипе? Дали е безбедно да се пие кафе после истекот на рокот на траење?
Имаме и добри и лоши вести: Не, кафето не може да се расипе, на начин на кој пример би се расипал лебот или како бананите би почнале да гнијат. Дури ни пиењето кафе на кое му истекол рокот на траење нема да ви донесе стомачни проблеми, иако за неговиот добар вкус нема голема гаранција. Меѓутоа, било да се работи за кафе во зрна или сомелено, еднаш кога ќе се навлажни не може повторно да биде употребено. Таквото кафе може да се расипе.
Споменавме и лоши вести. Тие се огледало на губењето на квалитетот на кафето. Воздухот е непријател број еден на печените зрна кафе. Со тек на време кафето го губи својот интензитето. Иако технички гледано, зрната кафе нема да се расипат во рок од 3-4 недели, меленото кафе сепак е најдобро да се испие во рок од две недели, од моментот на отворање.