Категории

(ВИДЕО) Џенифер Анистон го нарекува Бред Пит секси во најновата ZOOM средба во живо

Ако сте обожавател на дуото Бред Пит и Џенифер Анистон, тогаш не смеете да пропуштите да го гледате ова видео! На 17-ти септември 2020 година, двојката се собра и учествуваше во виртуелно читање на сценариото на „Fast Times at Ridgemont High“.

Не можете а  да не забележите како нивните очи се среќаваат и како се забележуваат додека се на ZOOM средбата. Фановите секогаш полудуваат за вакви моменти, знаејќи дека се бивши партнери. Можеме да ги видиме тие искри во очите и сигурно е дека повеќе од Џенифер и Бред, фановите едвај чекаа да проследат нешто вакво. Џенифер дури му рече нешто романтично и сензуално на Бред што не можеме да негираме дека не го слушнавме. По карактер, текстот излезе совршен и одговара на интензитетот на романсата меѓу нив.

„Здраво, Бред. Знаеш дека отсекогаш сум те сметала за симпатичен. Мислам дека си тногу секси. Дали би дошол кај мене? “, ова беа зборовите од Џенифер до Бред Пит! Премногу флертувачки!

Иако ова звучеше премногу добро за да биде вистинито, сепак се само зборови од еротска фантазија која тие ја читаа за потребите на филмската сцена. но текстот навистина ја интригираше публиката.

Во случај, ако се прашувавте дали двојката била сама или не, да разјасниме дека не биле. Тие беа придружувани од Морган Фримен, Хенри Голдинг, Џулија Робертс, Џими Кимел, Шиа ЛаБеуф, Метју Меконахи и Шон Пен. И сите овие sвезди се собраа на една ZOOM средба и учествуваа во виртуелно читање на сценариото на „Fast Times at Ridgemont High“.

Во јануари оваа година Џен и Бред исто така беа забележани, но како се прегрнуваат зад сцената на доделувањето на наградите „SAG“. Џенифер зеде САГ за нејзината улога во „Утринското шоу“, а Бред за неговата изведба во „Некогаш порано во Холивуд“.

На една фотографија тие дури се држеа за раце!

Во продолжение погледнете ја целосната ZOOM средба што сите ликови ја имаа.

 

Прегледи:
790
Објавено на:
18.09.2020