Секоја година со себе носи неколку трендови во фотографирањето. Ова се дел од трендовите во 2020:
- Автентични и искрени портрети
Ако до неодамна беа актуелни сликите со совршена поза, сериозен израз на лицето, оваа година нашето внимание го привлекуваат емоциите кои на автентичен и искрен начин се провлекува низ визуелните уметности. Случајните моменти на среќа како и не толку совршениот амбиент и позадина ни ги доловуваат малите но, значајни моменти на кои се почесто се навикнуваме да се радуваме.
- Живописни бои
Боите кои и даваат сосема поразлична дименција на нашата околина уште на почетокот на оваа година беа предвидени како дел од трендовите што ќе бидат актуелни во 2020. Тука исто спаѓаат графитите и сиките со живописни дизајни.
- Природни елементи
Со се поголемиот замав на еколошкиот активизам како и условите за патување оваа година, фотографиите во природа како и фотографиите со природни елементи се едни од омилените на социјалните мрежи. Овој тренд внесува хармонија и спокојство во сцените додавајќи меки елементи во позадина.
- Диверзитет/ разноликост
2020 година е година на побивање на стереотипите во фотографијата. Создавањето на се подобри колажи на човечки портрети, со разновидна претстава и инклузивност исто така уживаше голема популарност. Од билборд фотографии и каталози до социјални медиуми, приказот на уникатноста блескаше во знак на љубов кон диверзитетот и прифаќањето меѓу луѓето.