Археолозите во Сибир пронашле неверојатен гроб на пар борци, стар 2500 години.
Двајцата имаат починато во своите 30-ти години, а закопани се заедно со новороденче и со повозрасна слугинка, според научниците. Парот веројатно биле сопружници, а слугинката веројатно починала во своите 60-ти години.
Остатоци од бебето биле расрфлени низ гробот, веројатно поради глувци.
Овој антички пар можно е да дава поглед кон Скинтиската цивилизација, која постоела на регионот на модерна Русија, се’ до пред 2500 години.
Најнеобично е што жената борец била закопана со истите оружја како и мажот. Колку што знаат научниците, во другите гробови наоѓани од прилика околу слично време и локација, женските борци биле закопувани со стрела и лак. Оваа жена била закопана со малечка сабја и секира, што значи дека и таа се приближувала до своите непријатели исто блиску колку мажите, за разлика од другите жени, кои со стрелата ги нишанеле непријателите од далечина.
Мажот во гробот имал две секири, два бронзени копачи и бронзено огледало. Повозрасната жена била закопана блиску до нозете на борците, и била закопана со само неколку мали објекти.