Категории

3 клучни зборови кои можат да го поправат секој лош секс

За да изградите сексуална самодоверба е потребно искуство. Во зајакнувањето на истото ќе ви помогнат овие чекори поради кои ќе се чувствувате потполно задоволени.

1.Бидете кралици на сопственото задоволство
Познато е дека жените кои често се самозадоволуваат имаат поголема самодоверба во сексот, и во него наоѓаат поголемо задоволство кога ќе го достигнат врвот.
„Ако сеуште не сте го направиле тоа, секако земете време па откријте ги сопствените ерогени зони, како и интензитетот на допирот кој најмногу ви одговара“, вели Емили Морс, психолог и стручњак за машко-женските односи.

2.Научете да го гледате своето тело како сексапилно
За сексуална самоодверба важна е љубовта спрема сопственото тело и доживување на себе самите како сексуални битија. За да ја постигнете оваа цел, важно е да вежбате Облечете свилена долна облека, тесен фустан, штикли кои ве прават да се чувствувате прилечно, прошетајте пред огледало и навикнете се на оваа идеа.

3.Кажете ги овие три магични зборови
Никој не може да ви ги прочита мислите, па ако нешто сакате, тоа морате и да го побарате. Ова правило особено важи во сексот. Ако партнерот прави нешто кое не ви се допаѓа кога се во прашање интимните односи, кажете му го тоа отворено.
„Уживајте во мигот и не заборавајте да ги изговорите овие три магични зборови – Да пробаме вака..“, заклучува др. Морс.

Прегледи:
676
Објавено на:
26.09.2020