”И тие си живееја среќно до крајот на животот..“
Но, тоа не значи дека е крај. Дизни принцезите маѓепсуваа милиони деца ширум светот со децении. Иако приказните го кажуваат најавантуристичкото поглавје во нивните животи (освен Аурора, која спиеше поголемиот дел од времето додека луѓето се обидуваа да ја спасат), се разбира, јавноста би сакала да има увид во нивните животи откако ќе беа венчани.
Всушност, Дизни го произведе продолжението Малата сирена, каде јавноста дозна дека Ариел и Ерик имале дете по име Мелоди. Девојчето сонуваше за животот сирена, исто како што нејзината мајка сонуваше за животот како човек.
Но, што е со другите принцези на Дизни? Дали имале и деца? Дали детето на Бела би било вљубено во книгите? Дали потомството на Јасмин и Аладин би било дрско како неговите или нејзините родители? Каква мајка би била Покахонтас и дали би живеела во Англија со Џон Смит?
Иако не постои официјална приказна за тоа што им се случи на нашите сакани ликови, имагинацијата не познава граници. Еден уметник создаде илустрации за тоа како ги замислува принцезите како мајки. Благодарение на посветеноста на овој талентиран уметник, луѓето сега можат да имаат идеја како децата на Снежана, Пепелашка, Јасмин и други еволуирале и како изгледаат.