Ве носиме на едно необично патување во морските длабочини
На ова патување ќе ја запознаете убавината на нашата планета од агол кој на малкумина им е познат. Некои велат дека истражувањето на свемирот е неопсишливо искуство, но подеднакво фасцинантна е и длабочината на морињата и океаните кои не опкружуваат. Додека не доибеме можност подетално да го истражуваме свемирот и да ја видиме неговата убавина, на дланка ни се бескрајните морски пространства и животот во нив.
Се проценува дека дури 80% од океаните ширум планетата се неистражени. Овој фасцинантен факт поттикнува бројни расправи и прашања за животот во нив. Истражувачите и нуркачите секоја година продираат се подлабоко во откривањето на овој сосема поинаков свет кој се сокрива под површината на океанот. Ако сте желни и вие да нурнете заедно со нив, ова е единствена прилика.
Магазинот Scuba Diving ги прогласи победниците во натпреварот за фотографија од океаните и морињата. Ви споделуваме галерија од спектакуларни слики фотографирани под вода кои ќе ви дадат единствена можност да се запознаете со животинскиот свет во неа.