Категории

Зошто мажите се плашат од убавите жени?

Убавината е моќ. А мажите кои по принцип се кукавици по природа, често се плашат од силните и убави жени.
Следи објаснување зошто е тоа така.

Мажите се плашат од отфрлање и исмевање
Голем дел од мажите имаат проблеми со самодовербата. Поради тоа кога ќе запознаат убава жена, автоматски се се комплицира. Наводно не се доволно згодни, негувани и обезбедени за неа. Иако во поголем дел од случаите се.

Мажите се плашат да бидат во центарот на вниманието
Убавите жени секогаш привлекуваат внимание секаде. Сакаат да им се восхитуватат и да комуницираат со нив. Мажите се добро свесни, интересот кој ги следи другите се проширува и на нив. И постојано ќе бидат набљудувани и ќе им судат и нив а тоа е за нив застрашувачко.

Мажите се плашат да бидат во сенка на жената
По правило убавите жени се одлични и успешни. Мажите во својата природа се амбициозни и понекогаш завидни. Поради тоа ретко кој од нив е подготвен мирно да остане во сенка, додека саканата личност блеска во зраците на славата.

Мажите се плашат дека не се доволно добри
Машката логика е следна: Принцезите се мажат за принцови. По нивно мислење, убавиците градат односи само со успешните, богатите и згодни мажи. Не им треба „обична“ личност. Значи, не сакаат нити да се обидат.

Прегледи:
1145
Објавено на:
05.10.2020