Категории

КОВИД поддршка: Компанијата dm им исплати бонус од 9.000 денари на сите вработени

И покрај 14 редовни плати во текот на годината, сите вработени во компанијата dm drogerie markt во С.  Македонија на почетокот од месец октомври ги пречека изненадување на нивната банкарска сметка, кога им беше исплатен вонреден бонус во износ од 9.000 денари. Со овој гест компанијата сакаше да изрази посебна благодарност до целиот тим, за дополнителната посветеност и придонес за време на пандемијата предизвикана од корона вирусот.

На овој начин, најголемиот дрогериски ланец во Европа дополнително вложи повеќе од         2.1 милион денари за поддршка на вработените во С. Македонија, додека слична иницијатива е спроведена и во другите земји во кои делува dm.

„Нашата корпоративна филозофија „Човекот во центар на работењето“ доби ново значење во 2020 година. Водечки императив во нашите деловни активности постана здравствената заштита на целиот персонал и купувачите, како и создавање на безбедни услови за работа и пазарување во нашите дроегрии. Откако обезбедивме спроведување на сите потребни мерки на претпазливост во последните месеци и успеавме да го прилагодиме нашето работење на новите околности, решивме дополнително да ги мотивираме вработените и да им се заблагодариме за нивната посветеност и придонес во овие тешки времиња. Исто така, со овој чекор, сакавме да ја потенцираме круцијалната важност на зачувување на работните места во месеците пред нас и уште еднаш да испратиме порака дека луѓето се најважната алка во секој деловен ланец “, рече Александра Оливера Кориши, директор на dm drogerie markt во Србија и С. Македонија.

Принципот дека компанијата постои поради луѓето, а не обратно, за вработените во компанијата dm значи низа придобивки, кои овој дрогериски ланец го издвојуваат на пазарот на трудот. Атрактивни плати, 14 плати во текот на годината, различни модалитети на работа, активности насочени кон зачувување и подобрување на здравјето, семинари и едукациии се само дел од бенефитите кои се овозможени за тимот на dm.

Така, дополнителната поддршка по појава на корона вирусот дојде како природен тек. Компанијата од самиот почеток на пандемијата спроведе бројни превентивни мерки за заштита на својот тим. За вработените за кои беше можно, за кратко време беше обезбедена можност за работа од дома, а бидејќи мнозинството од тимот на dm е на „фронтот“, од ден во ден компанијата преземаше активности кои придонесоа вработените, но и купувачите, да останат безбедни.

 

Прегледи:
527
Категории:
Хуманост
Објавено на:
13.10.2020