Степан е 28-годишна кафеава мечка која е многу популарна во Русија. Како мало мече, бил напуштен од својата мајка, и бил посвоен од страна на еден пар, Светлана и Јуриј Пантеленко.
Бидејќи мечката пораснала со луѓе, Степан во принцип станал доместицирано мече-милениче. Тој бил посвоен на само 3 месеци, и денес е доашно мече кое дома ги наводнува цветовите, гледа ТВ и се социјализира со луѓе и воопшто не е агресивен.
Тој јаде по 25 kg риби, јајца и зеленчук секој ден, но се одржува во добра форма така што игра фудбал. Степан е популарен во Русија поради што глуми во многу филмови, реклами, и позира за фото-сесии.
Неговиот последен проект е со популарната руска фотографка Мила Жданова. Таа прави фотографии како од бајка, кои личат на сцени од Дизни цртани, во кои го сметнува и Степан. Многу модели доаѓаат од целиот свет за да бидат во фотосесија со Степан. Голем дел од фотографиите се направени во традиционални руски облеки, за да изгледаат уште повеќе како од бајка.
Погледнете го прекрасниот Степан во овие бајковити фотографии!