Кога Барби првпат се појавила во 1950тите, немала ништо розово во оригиналниот дизајн. Но, со текот на годините, произведувачите на играчки имаат тенденција да прават се’ што е поврзано со кукли розово. Дури и Mattel, компанијата која ја поседува Барби, има „авторска“ боја наречена Barbie Pink.
Но, една жена покажа дека не се сите кукли розови. Баш напротив – можат да бидат готик или било какви поинакви, и пак да бидат прекрасни.
Samantha Browning ги прави овие прекрасни готски куќи, од стари розови куќи за барбики. Не само што се супер креативно изработени, туку овие куќи се полни со скриени деталчиња кои ги прават уште пошармантни.