Категории

60 години од „Каменковци“ – Култниот цртан и неговото глобално внимание

Во детството ги обожававме и сеуште се сеќаваме на нив

Иако денес не е толку популарна и не се прикажува толку често на нашите телевизии, цртаната серија „Каменковци“ (The Flintstones) со својата појава направи бум.

Луѓето кои израснаа во текот на 70-тите и 80-тите години од минатиот век сигурно се сеќаваат на многу случки на Фред и Барни, а благодарение на некои подоцнежни репризи и синхронизации веруваме дека тоа е случај и со помладата публика.

„Каменковци“ одбележаа јубилејна 60-годишнина од својата премиера а по тој поводи ви ја донесуваме приказната за нивните почетоци и влијанието кое го имаат врз многу денешни серии.

Каменковци се инспирирани од играната серија The Honeymooners, популарниот ситком.

Емитувањето на првата епизода на Каменковци се случи на 30 септември 1960 година во  20:30 часот, што тогаш беше термин после кого многу деца одеа на спиење. Идеата која ја имаа создавачите, Вилијам Хана и Џозеф Барбера, тогаш познати како создавачите на Том и Џери, беше насочена спрема создавање на цртана серија за возрасната публика.

Сметале дека постојат доволно содржини за децата и треба да се обидат да ја привлечат и постарата публика со малку посериозни теми.

По емитувањето на пилот епизодата многу претставници на телевизиските мрежи биле воодушевени, серијата успеала да освои гледачи од разни години:

Каменковци е првата анимирана серија која прикажала брачен пар како дели кревет, што во тоа време не било вообичаено. Подоцна Барни и Бети Каменко зборуваат за тоа како не можат да имаат деца, па подоцна присвојуваат син, низ многу реални проблематични околности.

Фред Каменко е зависен од коцка и тежнее кон манипулација на луѓето за да ги оствари своите цели, а постои дури и миг кога Барни сака да се убие и го гледаме со камен околу вратот.

„Сржта на приказната е послевоената атмосфера на америчката генерација прикажана во праисториско доба. Многу штосови се поврзани со тоа време и се разбирливи само на некој кој ги доживеал. Серијата нуди универзални ситуации и авантури а тоа ја направи омилена не само во Америка туку и во целиот свет.“
Сето тоа зборува за тоа дека се било насочено кон возрасните, но дури подоцна доби и димнзија популарна за деца, затоа што сепак претставувала забава за целото семејство.

Каменковци влијаеа и на подоцнежните анимирани серии како – Џетсонови и Топ Кет.

Прегледи:
1843
Објавено на:
16.10.2020