Мелената куркума има продорен, земјен вкус, а во готвените јадења таа јачина се губи и останува малку горчлив, бибераст подвкус, но кога се користи свежо рендана во готвењето, таа ја задржува таа земјена, горчиво-лута јачина.
Куркумата е чувствителна на светлина па затоа чувајте ја во херметички затворен сад на темно место и тоа најмногу до 6 месеци, затоа што потоа ја губи својата способност. Таа е одличен извор на железо, манган, витамин Б6, калиум и диетални влакна.
Куркумата е еден од зачините чии активни супстанции, куркуминоиди од средината на 70-тите години од минатиот век станале тема на многу научни истражувања на запад. Некои резултати укажуват на тоа дека куркумата и нејзините активни супстанции имаат единствено антиинфламаторно и антиоксидантно својство, додека други го истакнуваат нивниот потенцијал во превенцијата како и додаток за терапија на рак, ХИВ, дијабетес, артритис, Алцхајмерова болест и различни алгергии.
Во индијската кујна, куркумата се користи заедно со бибер. Едно ново истражување открило дека куркумата и нејзините активни супстанции се апсорбираат лошо од дигестивниот тракт, а во тоа помагаат пиперините, активните состојки од црниот бибер.