Категории

Американката Мајси Карин е девојката со најдолги нозе на светот

Мајси Карин од Тексас го собори светскиот рекорд – Таа е жена со најдолги нозе на светот поради што тешко влегува во автомобил а не може нити да си најде соодветна облека.

На првото место ја замени руската кошаркарка Екатерина Лисина чии нозе се долги 132,8 цм. Левата нога на Мајси е долга 134,4 цм. а левата 135,5 цм.

Младата девојка наскоро ќе се пресели во Велика Британија каде планира да студира, а една од нејзините најголеми цели е да стане највисокиот модел на светот.

Оваа 17-годишна девојка порачува до сите луѓе кои изгледаат необично да ги сакаат своите необичности и да ги прифатат како такви и да не се сокриваат. Таа се надева дека нејзиниот рекорд ќе ги инспирира и другите жени.

Таа истакнува дека понекогаш и е тешко да помине низ врата или да влезе во автомобил, а има и потешкотии со пронаоѓањето на облека. Од друга страна – во предност е кога игра одбојка или кошарка, а нејзините нозе и донесоа и популарност на социјалните мрежи.

Мајси е висока 208 цм, нејзините нозе всушност прават 60 проценти од висината.