Категории

Повторно забележан балкански рис во нашиот Национален парк „Галичица“

По пауза од неколку децении, повторно е евидентирано присуството на балканскиот рис во Национален парк „Галичица“.

Една единка беше „заловена“ од фотозамки, покрај оградата на Репродуктивниот центар за елени на НП „Галичица“. Се надеваме дека оваа голема мачка ќе си го најде својот дом на оваа планина, а ние ќе продолжиме со нашите напори да го зачуваме неговото живеалиште.

Инаку, како еден од нашите најпознати национални паркови, Националниот парк Галичица препознатлив по својата богата и ретка природа и неповторлива убавина, во 1958 година е прогласен за национален парк со цел да се зачува растителниот и животинскиот свет и природниот изглед на планината Галичица. Околу 2/3 од Паркот е вклучен во границите на Светското природно и културно наследство на охридскиот регион, впишано на листата на Светско културно и природно наследство на УНЕСКО. Како комплексна целина, паркот заедно со Охридското и Преспанското Езеро, претставува релативно ограничена подрачје со многу богата биолошка разновидност, висок степен на хетерогеност и енедемизам и во таа смисла се смета за навистина многу вреден локалитет во Европа.