Категории

На свадба од музичарите неретко се бара да го вратат бакшишот назад

Ромските свадби често знаат да траат и по неколку денови и гостите како и домаќините својата моќ ја покажуваат со богатството кое го поседуваат и кое се подготвени да го потрошат.

Ромските свадби важат за гламурозни славења на кои секогаш се поминува добро, а оние кои настапуваат имаат одлична заработка. Меѓутоа, во јавноста е речиси непознато домаќините често да го бараат од свирачите својот огромен бакшиш назад на крајот од свадбата.

Пеачите се китат со банкноти од 50 до 500 евра, и често изведувачите на само една ноќ можат да земат и неколку илјади евра. Меѓутоа, вистината може да е малку поинаква.

Како што открива извор кој бил често гостин на бројни ромски веселби, бакшишот кој пеачите го добиваат, веднаш после настапот мораат да го вратат на домаќинот.

„Сите сме ги гледале оние снимки од бројни ромски свадби кога на свирачите им се лепат пари на чело, им фрлаат пари на сите страни а потоа тоа го снимаат за да се фалат на социјалните мрежи. Но, постојат голем број ромски свадби на кој сите тие пари после завршувањето на славењето му се враќат на домаќинот или на оној кој ги дал парите. Луѓето обично мислат дека на тие свадби се заработува вистинско богатство, но тоа воопшто не е случај. Домаќинот ги ангажира за славењето, притоа им плаќа договорен хонорар а сите пари кои ќе ги добијат од тоа што им го даваат за музичките желби, мораат да ги вратат. Секако ова не е случај на сите свадби, туку на поедини, а тоа е јавна тајна“ – открива извор кој е до детали упатен во овие гласини.

Прегледи:
670
Објавено на:
21.10.2020