Категории

Баристи и конобари кажуваат од што им е дојдено „преку глава“

Сите сакаме да пиеме кафе, но многу често забораваме дека и баристите и конобарите се живи луѓе. Многумина кон луѓето во услужната индустрија се однесуваат како да им се должни нешто, а тие само работат за дневница, која што, често е мала. Погледнете ги исповедите на баристите и од што им е дојдено преку глава:

„Сопственикот на кафулето каде што работам, не сака да вработи нови луѓе и не сака да ни ги зголеми платите, а константно кажува како се грижи за менталното здравје на своите вработени“.

„Луѓе кои не носат маски додека ги послужуваме. Зарем не сфаќате дека ние сме една од најранливите категории, најподложни кон вирусот?“

„Работи за кои не сум јас виновен: Цените во менито, гостите кои ви пречат, тоа што немаме одреден вид на напиток или храна. Сфатете дека јас сум само посредник тука.“

„Кога мажите ќе сфатат дека јас, што сум женско-конобар, не сакам да флертувам со нив, туку сум фина бидејќи тоа ми е буквално работата?“

„Кога сопствениците ќе сфатат дека да, ние можеме да работиме под притисок, но дека не планирам буквално да умрам за компанијата?“

„Преку глава ми е дојдено од тоа луѓе да ги истураат личните фрустрации врз мене. Јас работам тука за дневница, не сум психолог.“

„Кога работам за празник и муштериите ми викаат: „Лелеее, работиш на Велигден? За греота, зошто не си дома со семејството?“, како да имам избор!?“

„Редовни муштерии што очекуваат да им ги читам мислите и да знам што сакаат секогаш!? Зошто?“

„Не им врескајте на баристите кои ви го прават кафето за земање. Не е нивна кривица што вие вашето време не сте го изменаџирале како што треба. Ако доцните, не доаѓајте по кафе – не сме ние криви и не можеме да направиме временска машина за да го смениме вашиот ден.“

Прегледи:
603
Категории:
Занимливости
Објавено на:
25.10.2020