Категории

Дали е тој потајно заљубен во друга?

Тој не се изјаснува но некои негови постапки и однесувања зборуваат место него. Зошто мажот кој е заљубен во друга жена, останува во врска? Не сака да ве повреди, не сака да ве изгуби, ве сака и вас? Но како тогаш може да биде заљубен во друга? Може!

Заљубеноста е хемија, лудило, авантура, фасцинација, а врската и длабоките чувства се нешто друго. Тој се обидува да го има и едното и другото, но лудилото не може долго да се сокрива – интензивните чувства, дилемата и чувството на вина, сето тоа тежнее да експлодира и да го разоткрие, а неговиот напор да го прикрие сето тоа резултира со знаци кои го издаваат.

Можеби тој (сеуште) не ве изневерил, но тоа што е заљубен е нешто уште полошо.

ОДЕДНАШ ИМА НОВИ ИНТЕРЕСИ
Дури и можеби се заинтересирал за нешто со кое ви се занимавате кое до неодамна речиси го игнорирал, или го исмевал или презирал. Што и да е тој одеднаш се заинтересирал, не престанувате да се прашувате што е она што го придвижило и нема да бидете смирени од неговите објаснувања. Доколку иначе не е склон постојано да истражува и да се воодушевува на нови откритија, неговиот ентузијазам е повеќе од сомнителен.

ТОЈ ЗБОРУВА ЗА НЕА
Не може да се воздржи. Таа успеала да продре во неговиот живот, можеби е нова колешка, учесничка во некој проект на кој почнал да работи, ја сретнува во теретана.. И бидејќи ја гледа редовно, не може а да не ја спомене. Тој навистина се обидува да ја споменува но притоа да го сокрие своето воодушевување, но некаде во него постои очајничка помисла дека можеби вие двете можете да бидете пријателки. Ви вели дека таа сигурно би ви се допаднала, а тоа веројатно е вистина. Освен тоа што никако не ви се допаѓа начинот на кој тој зборува за неа и тоа што не може да го сокрие блесокот во очите и да спречи изразот на лицето да го издаде. Ако го прашате отворено дали има нешто со неа тој ќе се навреди сосема искрено а вие ќе испаднете љубоморна лудача.

ТОЈ Е ЗАПОЗНАЕН СО НЕЈЗИНАТА КОМПЛИЦИРАНА ЉУБОВНА СИТУАЦИЈА
Кога ќе го прашате нешто кога ќе ја спомене „случајно“, ќе откриете дека тој знае баш многу лични работи за неа. Ќе ви каже како таа има некое момче кое е баш лошо спрема неа и не се однесува спрема неа онака како што таа заслужува и ќе се запраша како може толку фина и добра личност да го поднесува.
Тој вистински не гледа ништо сомнително во својата приказна, едноставно го изразува своето мислење. Но тој не би имал таков вид на мислење ако не би имал основа врз која ќе го формира, да не е близок со неа преку границата која може да се толерира.

СО НЕА ИМА АКТИВНОСТИ КОИ СО ВАС СЕКОГАШ ГИ ИЗБЕГНУВАЛ
Кога невино ќе ви соопшти дека задоцнил затоа што и помагал во купувањето (трудејќи се да биде искрен и да не ве лаже) и после неколку реченици ќе сфатите дека всушност бил со неа во шопинг и имал пресудна улога во изборот на некои парчиња облека, па дури и долен веш. Ако тоа не ве избезуми и не ве натера да го соочите со она кое вистински се случува, ништо друго нема.

ГО СПОМЕНУВА НЕЈЗИНОТО ИМЕ КОГА ВИ СЕ ОБРАЌА
Тоа е најотворено соопштување на неговата внатрешна состојба, кога потсвеста толку го мачи што вам ви се обраќа со нејзиното име – тој посакува таа да е на ваше место.

Прегледи:
849
Објавено на:
23.10.2020