Борба за власт, убиства на можните претенденти на тронот, љубов и интриги во сарајот на Султанот. Спремна речиси на сè за да стане најмоќната жена во Империјата. Силна, борбена и величествена. Ангел и демон во една личност.
Во историјата е наречена Црната кралица. За султанот Ахмед таа беше неговата Махпејкер (месечина). Но, длабоко во себе, Анастасија беше еднa едноставна побожна попска ќерка, грабната од грчкиот остров Милос. Кога имаше само петнаесет години, од Куманово, преку Скопје и Солун таа пристигна во харемот на Султанот и беше само една од многуте слугинки во Сарајот. Како и да е, судбината го направи најнеочекуваното…
Нејзината несекојдневна убавина и интелигенција ја забележа бабата на султанот Ахмед. Султанката ја зеде младата девојка под нејзина закрила, подготвувајќи ја за улогата што и самата некогаш ја имаше. Анастасија стана најистакнатата жена во Османлиската Империја, омилената жена на Султанот. Сега како Султанка, мораше да го прифати предизвикот, интригите во палатата и секогаш да биде будна за непријателите што чекор по чекор се прикрадуваа и беа нејзина смртна закана и смртна закана за нејзините деца…
Од попската ќерка Анастасија таа стана Косем (таа која води).
Првата жена која самостојно владеела со едно исламско царство и седела на тронот на Османлиската империја.