Многу често луѓе викаат дека мачките се лоши, или барем полоши од кучињата. Тоа не е точно – мачките само имаат малку поспецифично однесување кое треба да се научи.
Што, всушност, мислат мачките со своето однесување?
Се врти на грб, го покажува стомачето и Ве напаѓа ако ја допрете
Не значи: Чешкајте ме по мешето
Значи: Ми се игра! Ако посегнете по стомачето, ќе ви ја грабнам раката и ќе ве каснам, мислејќи дека си играме.
Лежи на грб и мрзеливо го покажува стомачето
Не значи: Пак те излажав!
Значи: Ти го покажувам мешето бидејќи ти верувам. Те молам не ја крши таа доверба со тоа што ќе навлезеш во мојот приватен простор.
Се трга наеднаш додека ја галите
Не значи: Наеднаш се премислив и сега не те сакам повеќе
Значи: Не сакам како ме галиш. Фокусирај се на мојата глава и рамења, наместо на целата должина на мојот грб.
Е во иста соба со вас, но не се обидува да влезе во интеракција
Не значи: Те игнорирам
Значи: Се дружиме! Го почитувам твојот простор, а сепак уживам во твоето друштво.
Ви ја гребе или удира раката ако ја галите
Не значи: Те мразам!
Значи: Ми приоѓаш премногу нагло. Те молам биди понежен и попретпазлив.
Ве зјапа
Не значи: Ви се чудам или ви се плашам
Значи: Како пустинско животинче, имам одлична лубрикација на очите долго време, и немам потреба од често трепкање. А и ве сакам па сакам да ве гледам.