Категории

Браќа 40 години играле исти броеви на лото – најпосле им се посреќило

Тројца браќа од Австралија имаат 40 годишна традиција да играат лото со исти броеви. Оваа „семејна стратегија“ конечно им се исплатила, бидејќи нивната комбинација била извлечена и освоиле 310,000 евра.

Тие изјавија дека ќе ја поделат наградата помеѓу себе.

„Ова е голема количина пари, ова е одличен бонус. Играме лото секоја година и веќе 40 години користиме исти броеви. Не се сеќавам зошто баш тие броеви ги одбравме. Се што знам е дека пред 40 години запишавме броеви и одбравме тикет. Играме уште од тогаш.“, раскажува еден од добитниците.

„Кога го проверував ливчето, 10 минути проверував дали добро сум видел и дали е тоа добитната комбинација и дали можеби случајно не сум погрешил. Само сакав да бидам сигурен,, а кога се беше потврден им соопштив на браќата. Тоа беше одлично чувство кога им се јавив им кажав дека добивме“, додава тој.

Прегледи:
499
Објавено на:
28.10.2020