Најмладиот син на некогашниот италијански премиер Силвио Берлускони, Луиџи Берлускони го кажа судбоносното „да“ со својата долгогодишна девојка. Гламурозната венчавка која се одржа во Милано беше според сите протоколи за заштита од пандемијата на Ковид-19.
Луиџи Берлускони (32) и Федерика Фумагали (31) се заколнаа на вечна љубов на гламурозна церемонија во Милано.
Невестата носеше венчаница од познатата дизајнерка Alessandra Rich, додека младоженецот носеше темно сино одело.
Парот се запозна пред десет години на прватниот универзитет Бокони каде заедно студираа економија и односи со јавноста.