Категории

Пишана порака од 1941 година сокриена во покривот на една црква

Имаме пишувано за временски капсули претходно, а и сега ќе погледнеме една временска капсула. 

Оваа временска капсула била пронајдена во орнамент на покривот на St. James’s Church  во Белгија. Еден работник нашол малечко парче хартија, внимателно завиткано во кутија со ќибритки и ставено во орнаментен дел од покривот.

Ливчето потекнува од далечната 1941, 21 јули. Но, текстот напишан внатре е поинтересен од самиот пронајдок.

Потпишано е од страна на четворица мажи: John Janssen, Jul Gyselinck, Louis Chantraine и Jul Van Hemeldonck, и отвара нова, мошне трогателна перспектива за тоа како се живеело во тоа време.

Содржината на писмото гласи вака:

Во 1941, плафонот на оваа црква, кој е висок 26 метри, беше поправен и уреден од наша страна. Кога овој плафон ќе треба да се префарба, ние веќе нема да бидеме на Земјата.

Мораме да им кажеме на следните генерации дека не живеевме среќни животи. Имаме преживеано низ 2 војни, една во 1914 и 1940. Тоа значи нешто, нели?

Овде работиме гладувајќи. Не’ мачат, плаќајќи ни само по неколку центи, и давајќи ни премалку храна. Сакаме да ги советуваме идните генерации за кога ќе дојде друга војна: имајте резервна храна, како ориз, кафе, брашно, тутун, пченка и жито за да ве одржат живи!

Уживајте го животот најдобро што можете и ако треба, земете втора жена. До тие што се женети: чувајте си го домот!
Поздрав!“

 

 

 

Прегледи:
591
Објавено на:
29.10.2020