Категории

3 ситуации во кои зголемувањето на тежината е нормално

Без паника! Во овие случаи добивањето на тежина е сосема нормално.

Кога еднаш на вагата ќе откриеме неколку килограми повеќе, по правило бараме грешки кај нашата исхрана. Меѓутоа, исхраната не мора секогаш да биде виновникот. Постојат одредени ситуации и мигови во животот кога е нормално да имаме зголемена тежина.

1.За време на циклус
Лесното добивање на тежина за време на менструацијата не е ништо необично. Поради дизбалансот на хормони за време на циклусот доаѓа до задршка на вода, надуеност или застој а тоа може да биде причина за добивање на килограми. Но, тежината ќе се врати на претходната бројка после неколку дена после менструацијата и тоа на природен начин.

2.За време на интензивен тренинг
Дали во последно време сте тренирале напорно за да ослабете, а наместо тоа вагата ви покажа дека всушност сте добиле некое кило повеќе? Немојте да се демотивирате. Стручњаците тврдат дека добивањето на тежина е знак дека сте на вистинскиот пат. Тоа сигнализира дека поради тренингот мускулатурата се прилагодува и настанува мускулна маса која долготрајно ќе ви помогне да соберете повеќе калории.

3.Со текот на стареењето
Како што старееме и нашето тело се менува. Тоа е нешто што спаѓа во природен процес па поради хормоналните промени и промената на мускулната маса ние се дебелееме. Но тоа не е причина за лутење. Со фитнес вежби можеме да ја зголемиме флексибилноста, силата и издржливоста, но и да ја одржиме нашата фигура.

Прегледи:
943
Објавено на:
02.11.2020