Категории

Зошто понекогаш тажната музика ни годи?

Иако песната не може да го поправи расположнието, станала исклучително слушана. Зошто? Два музиколози од Велика Британија и Финска истакнуваат три истражувања кои се занимаваат со ова прашање и во кое учествувале повеќе од 2,400 луѓе. Тие дошле до резултат дека три чувства се поврзани со слушањето на тажна музика: Утеха, радост и болка.

Истражувачите откриле дека кај поедини личности звуците предизвикуваат чувство на пријатност. Кога луѓето тажната музика ја сметаат за пријатна, најчесто ова уживање е поврзано со сеќавањата и асоцијациите.

Меѓутоа, еден дел од испитаниците покажал и знаци на болни чувства кои имале врска со лични искуства како што се смрт на блиска личност или раскинување.

Постојат и луѓе кои не сакаат тажна музика и ја избегнуваат, истакнува Томас Ерола од универзитетот Дархам. Истражувачите откриле дека старите луѓе почесто чувствуваат пријатност слушајќи на ваков вид музика. научниците сепак не откриле дали постои некоја разлика во тоа дали се работи за искусни или не музичари.

Резултатите покажуваат дека луѓето преку музиката можат да го регулираат своето расположение. Терапевтите тоа мжат да го искористат со цел да им помогнат на луѓето после смртните случаи на нивни блиски особи.

Прегледи:
578
Објавено на:
07.11.2020