Категории

Говорите на Хитлер продадени по астрономски цени на анонимни купци

Се почесто предмети поврзани со Хитлер завршуваат на аукции и постигнуваат ненормални цени.

Говори напишани со рака од нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер се продадени денес на аукција во Минхен и покрај забелешките кои се изразени од еврејските групи кои сметаат дека тоа би можело да ги охрабри неонацистите.

Аукциската куќа „Херман хисторика“ ја бранеше продажбата на ракописи кои настанале пред почетокот на Втората светска војна тврдејќи дека имаат историска вредности треба да бидат чувани во некој музеј.

Документите се продадени на анонимни купци по цени кои се далеку од почетната.

Текст кој Хитлер го напишал за говор пред новите воени официри во Берлин 1939 година, околу осум месеци пред почетокот на Втората светска војна, достигнал цена од 34,000 евра.

Прегледи:
898
Објавено на:
08.11.2020