Светот преку социјалните мрежи ги запозна сестрите од Казахстан кои поради својата различност во животот многу страдале, но денес поради тоа сите им се восхитуваат.
Веројатноста да родите дете со албинизам е доста ретка. Во зависност од географската точка, шансите некој да родите дете со албинизам обично се движат од 1 наспрема 3000 или 1 наспрема 20000. Но сепак, две девојчиња од Казахстан се надвор од секоја статистика и се вистинско чудо.
Асел и Камила Калаганова се родиле во исто семејство и се 12 години разлика. Во семејството имаат и осумгодишен брат Алдијар кој не повлекол таков ген и секогаш се прашувал зошто е поразличен од своите сестри, а брзо сфатил дека неговите сестри се уникатни.
„Многумина се изненадени од тоа што сме албино, затоа што никогаш не ни чуле за тоа“, вели Асел.
Нивната мајка Аиман Саркитов била во шок откако нејзините ќерки дошле на свет, а фактот дека тоа се повторило во истото семејство ги оставила зачудени и самите доктори. Тие барале објаснување на сите начини „Докторите беа во шок како и самите ние. Подоцна читав за тоа и сфатив дека имам албино деца и дека се поинакви“, вели мајката.
Асел некое време посетувала училиште за деца со посебни потреби, а подоцна се вратила во нормално училиште.
„Таа е вистински надарена за учење“, вели нејзината мајка која не прави разлика помеѓу своите деца. „Албино децата не се разликуваат многу од другите деца, само по косата, трепките и бојата на кожата. Во почетокот беше тешко, секако, децата ја загледуваа. Сега се чувствува добро, не ја ограничуваме во ништо.“
Кога Асел имала десет години започнала да се занимава со манекенство, а после раѓањето на нејзината сестра Камила, Асел создаде Инстаграм профил каде сега имаат 37 илјади следачи.
View this post on Instagram