Како што мажите велат за жените дека се енигма и никогаш не можат да сфатат што се крие позади нивните зборови, и на жените исто така понекогаш им претставува потешкотија да откријат што се врти во машката глава.
Ви споделуваме неколку појаснувања околу најчестите машки заблуди кога е во прашање односот во една врска и нештата кои тие им ги кажуваат на жените и често пати тие не соодетствуваат со нивните дела.
Тој вели дека сака да остане со вас засекогаш – но не сака да се вери
На жените им е особено тешко да сфатат што сакаат да кажат мажите со тоа. Жените размислуваат за бракот на поинаков начин. За нив тој е логичен редослед – влегуваат во врска, се вљубуваат и се венчаваат.
Мажите на бракот гледаат сосема поинаку. За нив бракот е едно големо скалило во животот. Тие се женат кога е вистинско време. Кога сметаат дека комбинацијата од одредени фактори е поволна за брак (кариера, пари на банкарската сметка, години и сл.) Некои мажи се женат само поради тоа што нивните пријатели се ожените па сега е редот на нив.
Секако за некои мажи никогаш не е вистински миг. Но бидејќи сте разговарале со него на таа тема, обидете се да откриете што конкретно ве чека. Но треба да се загрижите ако не дефинира ништо конкретно, затоа што обично тоа значи дека пред да се одлучи за брак сака да се осигура дека нема да пронајде ништо подобро.
Што тој мисли кога ќе покажете помала заинтересираност за да го натерате повеќе да ве сака
Некои мажи сакаат да ве уверуваат и да ве освојуваат. Тоа им дава чувство на контрола врз ситуацијата. Таквите личности не можат да поднесат „Не“ како одговор и кога ќе им покажете дека не ги сакате, тоа за нив значи „играта започна, мора да побдиш и да освоиш максимален број бодови“.
Понекогаш таквото однесување го забележуваат и мажите кои се во врска. Ако сте уморни, тогаш нивната желба е енормна. Кога се оддалечени тогаш се најповеќе расположени за зближување.
Тој вели дека му треба простор, на што конкретно мисли
На вашиот маж му е потребен простор затоа што сака сам со себе да реши некои нешта и да размисли каде се наоѓа и да ја сфати ситуацијата во која постои уште една личност која е врзана за него. Најчесто не се работи за ништо комплицирано. Освен ако под тоа „потребно ми е повеќе простор“ не мисли „да се пресели на другиот крај на светот без тебе“, треба да му дадете време да ги среди своите мисли и да сфати што сака.
Тој вели дека ве сака но не е заљубен во вас
Мажите често знаат да бидат лоши во комуникацијата но понекогаш го кажуваат точно она кое го мислат. Неговата љубов спрема вас не се вклопува во сликата на романтична љубов која би требал да ја чувствува спрема една девојка. Веројатно ве сака како сестра или пријателка.
Секако споредбата со сестра е глупава ако спиете заедно, па тогаш во превод тој би сакал да каже „Те сакам, но не си таа со која сакам да го поминам остатокот од својот жвиот“.
Тој никогаш не ви дава комплименти, што всушност мисли?
Мажите не се толку внимателни околу детали, и голем дел од нив се поневнимателни од просекот. Можете да го натерате да почне да ви дава комплименти но ако тоа не е нешто кое неговата мајка го научила да го прави тешко е дека подоцна нешто ќе промените.
Тој сака вие да ги планирате сите ваши заеднички средби
Можеби мислите дека не сте му доволно важни па поради тоа не планира средби, но можеби само го цени вашето мислење. Знае дека би ви било поубаво ако вие превземете иницијатива. Проблем има единствено само ако ги одбива вашите предлози. Најдобро е да бирате нешта кои ги сакате и обајцата.