Категории

Рапанзел од реалноста – Ова е девојката со најдолга коса на светот

Ова индијска тинејџерка за прв пат го собори рекордот за најдолга коса на светот во 2018, а сега го направи тоа повторно.

Ниланши Пател е светска рекордерка во должина на коса – нејзината коса е долга дури два метри.

Косата на Ниланши неодамна беше повторно измерена неколку денови пред нејзиниот 18-ти роденден и била со должина два метра. Нејзината коса во 2018 година беше долга 1,71 метар.

Ниланши изјави дека почнала да ја пушта својата коса да расте кога била лошо истрижена на 6 години.

„Тогаш навистина бев лошо истрижена, па така одлучив дека никогаш повеќе нема да ја стрижам. Тоа беше кога имав само 6 години, не сум ја истрижила косата од тогаш.“

Пател вели дека сеуште не одлучила дали ќе продолжи да ја расти својата коса. Таа изјави дека за нејзино чешлање и е потребен еден час и тоа го прави со помош на мајка и, а во училиште го доби прекарот Рапанзел.

Прегледи:
829
Објавено на:
17.11.2020