Способноста на гледање на себеси онака како што не гледаат другите е особено добра во мигови кога се проценуваме дали сме оставиле добар впечаток на некого, особено кога е во прашање разговор за работа или љубовен состанок. Сепак, некои луѓе од таквите ситуации излегуваат со слаб дури и никаков поим за тоа како другите ги доживеале.
Научниците од универзитеот Washington и Wake Forest се обиделе да дадат одговор на прашањето што е клучно за проценката на впечатокот.
„Во центарот на откривање на тоа дали сте оставиле добар впечаток некому се наоѓа поимот наречен калибрација – самодоверба кога сте во право и несигурност кога грешите“ – појаснува професорот Вазир.
„Луѓето кои процесот на калибрација не го извршуваат како треба се самоуверени кога грешат а несигурни кога се во право.“ – вели Ерика Карслон, една од водачите на истражувањето.
„Кога сте проценило криво како ве виделе другите, резултатот често е лоша одлука во следниот чекор. Можеби сте мислеле дека состанокот на кој сте биле поминал одлично, но ако се случило спротивното и сте процениле грешно, вашиот следен чекор би можел да заврши со непријатност.“ – појаснува Карслон.
„Често мислиме дека е очигледно кога некого не сакаме или го сакаме, но сите барем еднаш сме погрешиле во проценката. Поради тоа е важно во различни социјални опкружувања да знаеме кога да се посомневаме во сопствената проценка.“ – додава Вазир.
Карслон вели дека постојат преелиминарни докази за тоа дали кога една личност е точна во метаперцепцијата, нивниот партнер исто така е добар во истото, што значи дека можеби би постоеле некои единствени однесувања во меѓусебните односи кои влијаат на тоа колку сме способни да препознаеме како нашиот партнер не доживеал.
„Луѓето имаат изненадувачки голема способност за проценка на првиот впечаток кој го оставиле некому а во поголемиот дел од случаите знаат и кога се во право а кога грешат. Спрема тоа, ако сакате да знаете дали сте оставиле добар впечаток на некого, најдобро е да му верувате на сопствените чувства и интуиција.“ – заклучува Карслон.