Мажите, без оглед на тоа дали се тинејџери или стари, не се ни приближно толку комплицирани колку што мислите дека се. Постојат неколку едноставни трикови кои можат да ви помогнат веднаш да му го освоите срцето, и секогаш функционираат.
1.Мислите нека ви бидат јасни
Мажите го сакаат она кое можат да го разберат. Секако не треба да бидете нити прости нити премногу комплицирани. Поради тоа немојте да играте тешки игри со нив и немојте секоја ситуација да ја претварате во нова тема за Опра.
2.Бидете свои
Иако овој совет најчесто се повторува, се чини дека тоа е единствениот совет кој девојките најчесто го игнорираат. Нормално е дека мажот многу брзо ќе ја забележи вашата глума,затоа што ако сте добра глумица досега би биле во Холивуд.
3.Пуштете ја косата
Иако тоа е доста специфично за секој поедин маж, но по правило тие сакаат долга и пуштена коса.
4.Имајте мозок – и користете го
Не треба да бидете научник за да привлечете некој маж, но ако единствените теми на разговор ви се чевлите и трачевите кои сте ги прочитале во последниот број на магазинот, сигурно со тоа нема да го задржите за себе долго време.
5.Изгледајте добро
Не треба да изгледате преубаво за некој да се заинтересира за вас, но бидете уредни, средете се и искористете го маскимално она кое го имате.