Овој рецепт за штрудла е толку едноставен што ќе го подготвите за миг и ќе имате слатко задоволство секое утро со вашето кафе.
Можете да го подготвите во најразлични комбинации – со маслиново масло, портокал, мед.. Изборот е ваш. Ние денес ви споделуваме рецепт како да ја подготвите оваа штрудла со лимон.
СОСТОЈКИ:
- 3 јајца
- 200 гр. шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- ½ лажичка сол
- 150 мл. масло
- свежо рендана кора од 2 лимони
- лажичка изрендан ѓумбир
- 120 мл. млеко
- 250 гр. брашно
- 1 прашак за пециво
ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во длабок сак додадете ги јајцата, шеќерот, ванилиниот шеќер па миксирајте на најсилна брзина се додека не добиете еднолична смеса со голем волумен.
Потоа во смесате додадете го маслото, млекото, кората од лимон, ѓумбирот и прстофат сол. Добро мешајте.
Во посебен сад измешајте брашно и прашак за пециво па постепено додавајте го во смесата со јајцата и соединете со помш на шпатула или лажица. Прелијте ја смесата во калап обложен со хартија за печење и печете 45-50 минути се додека чечкалицата со која ќе го прободите во средината не излезе чиста.
ИДЕА ЗА ПРЕЛИВ:
Направете прелив така што ќе земете грчки јогурт, лажица шеќер во прав и малку ванила. Сите состојки добро измешајте ги и по желба прелијте ја течноста врз парчиња од штрудлата.