Категории

Нешта за себе кои никогаш не смеете да ги откриете на работното место

Не можете да изградите добра професионална мрежа доколку не им се „отворите“ на своите колеги. Но од друга страна, тоа може да биде лошо затоа што откривањето на погрешните нешта може да има доста лошо влијание на вашата кариера. Морате да знаете каде е границата, затоа што кога еднаш ќе ја преминете, нема повеќе враќање назад.

Овие нешта за себеси никогаш не смеете да ги откривате на работното место:

Политичко уверување
Политичкото уверување на луѓето е премногу поврзано со нивниот идентитет за да се расправа околу тоа без спротивставување. Доколку не се согласувате со нивните ставови, тоа може многу брзо да ја промени перцепцијата која ја имаат за вас. Спротивставувањето со нечии основни вредности е едно од нештата кои најмногу можат да ги навредат

Размислување за тоа дали некој е некомпетентен
На секое работно место секогаш ќе има некој кој не е доволно компетентен, а воглавно сите се свесни кој е тоој. Доколку немате моќ да и помогнете на таа личност да ја научи работата или да ја отпуштите, нема да постигнете ништо со тоа што ќе разговарате за нивниот недостаток на компетенција. Со тоа можете само да создадете негативно мислење кај колегите за вас.

Колку пари заработувате
Можеби вашите родители сакаат да знаат колку пари заработувате секој месец, но на работното место таквото сознание може да биде негативно. Штом дознаат колкава ви е платата, се што правите ќе биде посматрано низ неа.

Дека ја мразите својата работа
Последното нешто кое луѓето сакаат да го чујат на работното место е тоа колку некој не го сака она кое го работи. Ако се жалите на работата, ќе ве окарактеризираат како негативна личност која не е тимски играч, а шефовите знаат дека постојат ентузијасти кои „едвај ја чекаат“ таа работа.

Дека барате друга работа
Доколку кажете дека планирате да ја напуштите работата, на сите тоа ќе им делува како „трошење време“. Исто така постои голема шанса дека потрагата ќе ви биде неуспешна. Најдобро е да почекате додека не најдете нова сигурна работа, па потоа да го соопштите тоа.

Прегледи:
738
Објавено на:
21.11.2020