Категории

РЕЦЕПТ: Мафини со боровници – Здрави и превкусни

Посакувате нешто топло и свежо од рерна? Не сакате голема збрка во кујната и немате премногу време за подготовка? Лесните мафини со боровници се подготвуваат за дваесет минути и тоа од се неколку состојки. Можете да ги спаковате за ужина или да подготвите десерт кога ќе ви се најават гости.

Три главни состојки:
1.Житни снегулки – тие обезбедуваат растворливи влакна кои го успоруваат влегувањето на шеќер и масти во крвотокот, создавајчи стабилно снабдување на енергија.

2.Сос од јаболка – природен засладувач (исчистени и исецкани јаболка во малку вода па ќе ги зачините со цимет и ќе ги изгмечите со гмечилица за пире)

3.Боровници – било да користите свежи или замрзнати, тие додаваат слаткост во мафините. Тие се одличен извор на витамин К и Ц како и минерали и манган. Богати се со антиоксиданси кои се наоѓаат во храната со сина и црвена боја.

Освен главни состојки, рецептот вклучува и сол и маслиново масло. Маслиновото масло на тестото му додава здрави масти а солта дава рамнотежа во слаткоста на овошјето.

МАФИНИ СО БОРОВНИЦИ

СОСТОЈКИ:
1 шолја овесни снегулки
1 шолја сос од јаболка
½ шолја боровници (свежи или замрзнати)
2 лажици маслиново масло за тесто и уште малку за подмачкување на плехот
прстофат сол

ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Премачкајте го калапот со мафини за масло.
Ставете овесни снегулки во блендер и мелете додека не добиете брашно, околу 1 минута. Додадете сос од јаболка, маслиново масло и сол. Блендирајте додека масата не стане мека.
Лесно измешајте ги боровниците во тестото и ставете ги во плех. Неколку пати треснете го плехот да се ослободите од меурчињата во тестото. Наполнете ги неискористените калапи со вода.
Печете ги мафините 20-тина минути, додека површината не стане златно кафеава. Послужете ги топли со овошен чај или кафе.
Пријатно!

Прегледи:
1108
Објавено на:
23.11.2020