Пандемијата со коронавирус моментално е една од најголемите причини за алармантно зголемување на насилството врз жените. Изолацијата во домовите не е најбезбедното место за многу жени и деца.
Оваа година во неколку земји пријавувањето на семејно насилство е зголемено за 5 пати.
Генералната заедница на Обединетите нации во 1999-та година го прогласи 25 ноември за Меѓународен ден на борбата против насилство врз жените, со цел да се подигне свеста дека жените ширум светот се жртви на сексуално, психичко, физичко, семејно насилство, злоставување и други видови насилство.
Овој датум е одбран како сеќавање на бруталното убиство на сестрите Марибал, политички активистки, кое се случило во 1960 во Доминиканската Република.
Оваа година кампањата против родово базираното насилство ќе се одржи под темата „Orange the World, Fund, Respont, Prevet, Collect!“ и ќе трае се до 10 декември – Денот на човековите права.